Ракомет Спорт

Лазаров: Нова победа за поголема самодоверба

Во првите денови од новата година македонската машка ракометна репрезентација ги продолжи подготовките за настап на Европското првенство.

Нашата селекција во првиот од двата контролни натпревари успеа да го совлада Израел со 31:28 и да стигне до третиот триумф во низа во овој период пред заминувањето за Унгарија.

“Не изненади Израел, играат добар ракомет, но успеавме да ги победиме иако имавме слаби страни. Победата е добредојдена и позитивна, имаме време да ги поправиме недостатоците. Ваквите натпревари носат уште поголема самодоверба. Што се однесува до Жарко Пешевски тој е добар, уште утре треба да се приклучи на тимот. Имаше температура и поради тоа не сакавме да ризикуваме, дури дванаесет ракометари ги фати грип, но наскоро ќе се комплетираме”, истакна селекторот Кире Лазаров.

Во текот на овој натпревар се покажаа низа слабости во играта пред се во одбраната, но мора да се земе в предвид дека недостасуваа неколку играчи и дека до стартот на шампионатот има доволно време да се направат корекции во играта.

“Имавме слаби и силни страни. Ние тукушто се комплетиравме и добро ни дојде победата. Резултатот е позитивен и имаме време да ги поправиме недостатоците. Се приклучија Миркуловски, Кузмановски и еве Пешевски, па имаме уште седум-осум дена да тренираме комплетни, со што ќе ги поправиме недостатоците. Веќе имам 20 играчи кои ќе бидат во тимот, но треба да имаме повеќе играчи на собирите поради можните проблеми”, заврши предводникот на националниот тим.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе