Вести Економија Македонија Топ вести

Уште не донесен, опозицијата му предвидува ребаланс на буџетот

Иако уште не донесен, опозицијата му предвидува ребаланс на буџетот за идната година. Прифатени  се 23 амандмани, од кои 12 на опозициските пратеници, но од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека тоа не е доволно. Сметаат дека овој буџет нема да ги реши проблемите на граѓаните и стопанството во пресрет на најголемата енергетска криза од осамостојувањето. Тие барале да нема зголемување на електричната енергија, 10 милиони евра за интервентен фонд за земјоделците, како и повеќе пари за изградба на градинки, реконструкција на училишта и третман на отпадни води, но сето ова е одбиено.

СДСМ, пак, велат дека прифатиле многу повеќе од кога било досега.

Расправата на пленарната седница почнува утре и се очекува да заврши до четврток.

Далиборка Дамјанска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе