Вести Код Македонија Топ вести

КОД: Сплескана банкина во резервоарот, пожар кој запрел во багажникот, а голтал се на патничката платформа, возачи на ЈСП во конвојот- реконструкција на несреќата во Бугарија

Во резервоарот на автобусот е најдена сплесканата банкина која го разнела и придонела да се разлее нафтата низ целото возило, ова е објаснувањето на бугарските истражители за почетокот на пожарот.

Но зошто огнот бргу се ширел низ горната платформа каде биле патниците, а сопрел во долниот дел кај багажникот- истрагата се уште нема официјален одговор.  КОД дознава и дека меѓу возачите во конвојот на Беса транс биле и двајца вработени во ЈСП Скопје.

Во емисијата вечерва и за опасните сообраќајни решенија на магистралата Струма кои придонеле за несреќата, но не се главниот причинител за трагедијата. Банкините се поставени речиси на автопатот веднаш по ризичната кривина на патот на кој има и полуизбришани линии.

Во КОД вечерва и интервју со професорот од Судска медицина, Златко Јаќоски кој во Софија учествуваше во идентификација на загинатите во несреќата со автобусот на Беса транс. Емисијата за најголемата македонска трагедија (загинаа 45 луѓе од кои 12 деца) во последните две децении е во 19:15 на Телма.

Снимател: Игор Јанковски

Монтажа и графика: Борче Крстевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе