Македонија Најважни

Коалициските партнери на СДСМ бараат Заев да им каже кој ќе биде нов лидер и мандатар, и што е разговарано со Гаши

Малите партии кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ бараат од лидерот на партијата Зоран Заев да им ги соопшти  деталите од средбата со Алтернатива, за што конкретно е разговарано и што му е понудено на Африм Гаши. Бараат и информација кој ќе биде нов лидер на партијата и мандатар на новата Влада.

Засега не сме имале средба.Можеби утре…? изјави претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.

ЛДП ќе го чека исходот во вторник.

Не сме имале средба, ниту комуникација за овие теми. Ако е демократски изборот на нов Претседател на СДСМ, однапред никој не би можел да прејудицира кој ќе победи Само овој пат се надевам дека ќе имаат повеќе од еден кандидат за лидерската функција, порача Горан Милевски, претседател на ЛДП.

Во ДУИ молк за овие теми. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не очекува од Зоран Заев да си поднесе оставка од функцијата, затоа што во минатото никогаш не го исполнувал тоа што го кажувал. Не сака да се меша во внатрешните работи на СДСМ, но ќе го чека исходот од седницата на Централниот одбор на владејачката партија во вторник,

Во СДСМ течат внатрепартсиките преговори и подготовки за Извршниот и Централниот одбор кои ќе се одржат во вторник а на кои треба да се официјализира оставката на Заев со што ќе отпочне и процедурата за избор на нов лидер и раководство.

Актуелниот замнеик министер за финасиии Димитар Ковачевски во јавноста се спомнува за можен кандидат кој ќе застане на чело на партијата а воедно би бил и нов мандатар.

Димитар Ковачевски, како член на ИО на СДСМ и заменик министер за финансии, учествуваше во разговорите со Алтернатива токму со цел зголемување на мнозинството кое земјата ја носи напред кон почеток на преговорите со ЕУ односно кон европски стандарди и правила. СДСМ точно така е поставена, од секој еден член и поддржувач, па се до раководството. Ги почитуваме органите на партијата и одлуките на органите на партијата и нема да коментираме можности и веројатности се додека партијата не распише внатрепартиски избори, соопштија од СДСМ.

Според партискиот статут одлуката за распишување избори ја носи Извршниот одбор најдоцна 15 дена по престанокот на функцијата. Лидерот се бира на непосредни избори, со тајно гласање на сите пријавени членови. Заев останува лидер, до конечноста на изборот.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе