Вести Македонија Најважни

Одземен му е телефонот и се проверува со кого разговарал осомничениот пред да ги опожари двете дипломатски возила

Четириесет и четиригодишниот скопјанец кој е осомничен дека подметна пожар во кој изгореа две возила на бугарската амбасада ќе ги мине наредните осум дена во притвор откако судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд го прифати барањето на обвинителството.

Од Кривичен соопштија дека станува збор за истрага која се води по итна постапка во која тој се сомничи за  кривичното дело „предизвикување на општа опасност“ за кое е предвидена затворска казна до пет години.

  • „Одземени се уредите за комуникација, да видиме дали можеби имал комуникација во периодот, да видиме со кого имал комуникација, која е содржината на таа комуникација. Распитот со сторителот се уште трае. Јас не би брзал со било какви квалификации од страна на нашиот источен сосед. Она што сакам да кажам е дека најсилно го осудуваме како Влада“  – Христијан Мицкоски, премиер.

Скопјанецот, завчера околу пладне, ги поли со бензин и ги запали двете дипломатски возила кои беа паркирани пред амбасадата во центарот на Скопје. Инцидентот беше целосно снимен од безбедносните камери на амбасадата.

За кусо време осомничениот беше откриен и приведен а во полициска станица целосно го признал делото.

ОЈО: „На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише“.

Опожарувањето на двете возила на бугарските дипломати, кое Владата го осуди, предизвика серија реакции во соседна Бугарија. Македонскиот в.д. амбасадорот  во Софија беше повикан во бугарското МНР, бугарските европратеници испратија писмо до членови на Европскиот парламент, во кое го осудуваат инцидентот кој го опишуваат како подмолен напад и намерен чин на агресија, несомнено мотивиран од омраза и антибугарска реторика.

Поради овој инцидент, бугарската фондација „Македонија“, најави дека во недела ќе организира двочасовна блокада на  трите гранични премини меѓу двете држави.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сушата се  поголем ризик за земјоделството во Македонија, потребни итни мерки за адаптација на климатксите промени  

Дејан Дејан

Новиот владин состав ќе се дефинира викендов – Мицкоски претходно ќе се сретне со коалиционите партнери од ЗНАМ и од Вреди

Дејан Дејан

Нема реформи, нема напредок, Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ – СДСМ со реакција за нацрт-извештајот на ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе