Ракомет Спорт

Македонија потклекна во финишот против Египет

Македонската ракометна репрезентација загуби од Египет со 32-25 на првата од двете предвидени контроли во Каиро. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров паднаа во второто полувреме, кога домаќинот ја направи клучната разлика.

Во првиот дел нашите ракометари беа рамноправни и натпреварот се играше речиси гол за гол, а на паузата „фараоните“ водеа со 12-10. Играта на Македонија комплетно падна во последните 15 минути кога при резултат 19-18, домашната селекција направи серија од 4-0 и стигна до опиплива предност.

Селекторот во финишот им даде шанса за деби и на младите Митев, Атанасијевиќ и Симоноски. Последниот гол на натпреварот беше дело на Кузманоски од пенал за конечни 32-25.
Никола Митревски на голот имаше 11 интервенции, Филип Талески беше најефикасен во нападот со шест голови.

Утре од 17 часот, Египет и Македонија ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе