Ракомет Спорт

Сензација во Битола: Падна шампионот Вардар и тоа од вториот состав на Е. Пелистер

Нема повеќе непоразени во ракометната Суперлига. Еурофарм Пелистер 2 направи голема сензација и го совлада актуелниот шампион и лидер на табелата Вардар со минимални 27-26.

Очигледно поразите во Лигата на шампиони оставија белег кај „црвено-црните“, а особено овој последниот од Кил. Еурофарм Пелистер изненадувачки го контролираше натпреварот од почеток до самиот крај и заслужено се радуваше на победата. Момците на тренерот Веселин Вујовиќ не личеа на себе, а мотивираните битолчани знаеја како да казнат. Домашниот тим имаше највисоки +5 во финишот на првото полувреме, но Вардар даде два гола на крај и на паузата резултатот гласеше 14-11.

Во последните десетина минути од средбата шампионот го засили темпото и дојде до израмнување на резултатот (25-25). Сепак, скопјани одиграа брзоплето во финишот по што Еурофарм Пелистер 2 зголеми на 27-25, а во последната секунда Стојанче Стоилов само го постави конечниот резултат 27-26.

Павле Атанасијевиќ со шест голови најмногу се истакна кај битолскиот состав, додека кај Вардар Гоце Георгиевски и Жереми Тото со по шест голови беа најефикасни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе