Вести Култура Свет

Почина актерот Џејмс Мајкл Тајлер, Гантер од серијата „Пријатели“

Актерот Џејмс Мајкл Тајлер, кој го играше менаџерот на кафуле Гантер во хит  серијата „Пријатели“, почина на 59-годишна возраст, објавија американските медиуми.

Тајлер почина во својот дом во Лос Анџелес откако се бореше со рак на простата, кој му беше дијагностициран во 2018 година.

„Светот го знаеше како Гантер (седмиот „Пријател“), од хит серијата „Пријатели“, но најблиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, борец против ракот и сакан сопруг“, се вели во соопштението од семејството на Тејлер.

Неговиот лик од „Пријатели“ се појави во околу 150 епизоди во сите 10 сезони на најпопуларната серија од 1990-тите години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со посредство на САД можна средба Зеленски-Путин?

Kristina Kuzmanovski

Трамп: Би ми било „чест“ да се сретнам со врховниот лидер на Иран за да се постигне договор

Kristina Kuzmanovski

Македонија за прв пат избрана за членка во ЕКОСОК

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе