Кошарка Спорт

Њујорк најскапиот тим во НБА лигата

Во пресрет на почетокот на новата сезона во НБА лигата магазинот Форбс ја објави листата на тимови кои имаат најголема вредност.

На чело на листата е Њујорк кој во изминативе две децении само еднаш успеал да се избори за настап во разигрувањето за титулата, а вредноста на тимот е проценета на 5,8 милијарди долари. На втората позиција се наоѓа Голден Стејт со 5,6 милијарди, а на третото место е Лос Анџелес Лејкерс со сума од 5,5 милијарди.

Далеку зад водечката тројка е Чикаго кој е проценет на 3,7 милијарди, а меѓу петте највредни тимови е Бостон со сума од 3,6 милијарди долари.

Меѓу десетте највредни тима го нема бранителот на трофејот Милвоки, а во оваа категорија се наоѓаат уште Лос Анџелес Клиперс, Бруклин, Хјустон, Далас и Торонто. Инаку шампионот во НБА лигата е на 17-тото место со проценета вредност од 1,9 милијарди долари.

Форбс потенцира дека ова е прв пат во историјата три тима да ја надминале вредноста од пет милијарди долари, а и покрај пандемијата и намалените приходи тимовите во оваа сезона успеаа да ја зголемат вредноста во просек за 13 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе