Економија

Фејсбук ќе отвори 10.000 работни места во ЕУ

Фејсбук најави дека во наредните години ќе отвори 10.000 нови работни места во ЕУ за висококвалификувани професионалци кои ќе помогнат во изградбата на „мета-вселена“, јави ДПА.

Создавањето паралелен дигитален свет е сон на основачот на Фејсбук Марк Закерберг. Компанијата работи со други партнери за да развијат „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства користејќи технологии како што се виртуелната реалност и зголемената реалност“, рече Ник Клег, потпретседател на Фејсбук за меѓународни операции.

„Метавселената има потенцијал да отвори пристап до нови креативни, социјални и економски можности. И Европејците ќе ја обликуваат од самиот почеток”, се вели во соопштението.

Клег, поранешен британски вицепремиер, рече дека инвестицијата е „гласање за доверба во силата на европската технолошка индустрија“, нагласувајќи дека Европа е „исклучително важна за Фејсбук“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот за 2026 повеќе пари за капитални инвестиции и стабилни јавни финансии

Дејан Дејан

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе