Легендарниот поранеше бразилски репрезентативец Роберто Карлос би можел да биде нов селектор на Косово.
Наводно преговорите помеѓу Фудбалската федерација на Косово и Карлос се веќе започнати. Оваа селекција е во потрага по нов предводник откако отказ заработи Бернард Шаландес по слабите резултати во мундијалските квалификации и последниот пораз од Грузија на домашен терен од 1-2.
Меѓу најсериозните кандидати за нов селектор на Косово беа и Феликс Магат и Валтер Зенга. Роберто Карлос во својата тренерска кариера досега има водено четири клубови. Анжи Махачкала од Русија, потоа турските Сиваспор и Акхисар, а неговиот последен тренерски ангажман беше во Индија во 2015 година во Делхи Динамос.