Македонија Најважни

Телма ексклузивно на заштитената локација каде се подготвуваат дипломатските пасоши

Откако еден носител на дипломатски пасош остана во притвор во Врање по ерменска меѓународна потерница издадена заради помагање бегство на осомничен за финансиски криминал, се постави прашањето како овие патни исправи се издаваат. За нив важи посебна процедура, се печатат во МВР, но сите податоци, отпечатоци и фотографии се предаваат во посебна заштитена просторија во Министерството за надворешни работи. Телма доби дозвола за снимање на локацијата.

Она што министрите, пратениците, дипломатите ги поврзува со притворениот Миле Миленкоски е дипломатскиот пасош. Го имаат сите, ама на Миленкоски сега е неважечки. Дипломатските пасоши се вадат во МНР, а не во управните служби на МВР. Во куќата на дипломатијата Телма  беше во просторијата која го носи број 10 за да дознаеме како се одвива оваа малку позната процедура. Таму се влегува само со посебна дозвола како ние, ако се сликате или ако сте еден од петте службеници кои работат таму со потребните сертификати.

Столчето за сликање и амбиентот слични како во МВР, но цените малку повисоки иако ги плаќа институцијата, а не оној што го добива и користи пасошот.

Таму за првпат видовме апарат од фирмата Дермалог, не е фингерпринт за изборите туку за отпечатоци на прсти. Тука функционерите ги стискаат своите палци пред Магдалена Матеска и нејзините колеги.

Во моментот важечки се околу 1400 пасоши, а за да важи 5 години согласно законот, дипломатски пасош со грбот на Македонија мора внатре да има и дипломатска виза. Околу 500-тини се неважечки. Сите овие вкупно 1900 дипломатски патни исправи се издадени од 2016-та наваму. Прашавме и без многу детали добивме потврда дека и за безбедносни акции се издаваат привремени дипломатски пасоши.

Осомничените дипломати од ерменската тројка не биле на задача во Ереван туку како што кажува шефот на дипломатијата, таму биле приватно. Но ваделе и извлекувале осомничен за криминал и проневера. Со дипломатски пасош, сопственост на државата. Но никој поради тоа не отвори кривична истрага која ќе донесе многу информации и ќе спречи вакви скандали. А дипломатскиот пасош на Миле Миленкоски е одземен, и е во српскиот Виш суд Врање поради ерменската авантура, наместо да е во оваа заштитена и заклучена просторија во која се чуваат неважечките дипломатски пасоши на поранешните функционери и службеници на МНР, но и поништените дипломатски исправи на другите црни овци на македонската дипломатија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе