Економија Топ вести

Ивановска: Најдобра кампања за борба против корупцијата е личниот пример, а тест за владините политики се изборите

Најдобра кампања за борба против корупцијата е личниот пример. А тест за владините политики се изборите – не испитување на јавното мислење со буџетски пари. Ова е ставот на првата антикорупционерка Билјана Ивановска, за владините тендери за кампањи за кои ќе се потрошат 620.000 евра. Како што објави Телма договорите се веќе склучени – а парите за трите кампањи ги делат вкупно 4 компании.

Владата планира да го испитува јавното мислење и да ги едуцира граѓаните за вакцинацијата против Ковид 19, за корупцијата, а ќе испитува и што тие мислат за владините политики. За Ивановска кампањата за вакцинацијата е оправдана, но  другите две спорни.

Ако тргнеме од начелото на ефективност и ефикасност целите треба да ги оправдаат резултатите и треба да се бара резултат од потрошените буџетски средства. Каде – во Собранието каде што се гласа и буџетот и завршната сметка. Конкретно сметам дека најдобра кампања за борба против корупција е личниот пример и мислам дека тука не треба да се трошат посебни средба и во толкави износи. Владините политики се дел од буџетот. За да се трошат дополнително пари за испитување на владините политики, мислам дека не би требало. Затоа што за резултатите од буџетот треба да се даде отчет во Собранието. Најдобро тестирање на резутатите всушност се прави на постојните избори – изјави Ивановска.

Ивановска со апел до Државниот завод за ревизија конечно да отиде и да направи финансиска ревизија за трошењето на парите од страна на Владата.

Мислам дека треба конечно ДЗР да отиде и да направи финансиска ревизија за трошењето на буџетските средства од страна на Владата. Замислете дека од 2008 година, од финансиските извештаи за 2008 година се уште сега не е направена ниту една финансиска ревизија. Значи со финансиските ревизии ќе се види и наменското и законското трошење на средствата – Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Вчера и Вања Михајлова експерт за антикорупција за „Телма“ изјави дека спорно е тоа што се трошат пари за кампањи, а уште поспорни се високите суми на тендерите. Таа рече дека наместо кампањи треба повеќе да се ангажираат институциите за спроведување на владините политики.

За владата пак ништо не е спорно, парите биле планирани. Смета дека кампањата за вакцинацијата не може да биде задоцнета, туку е на време и ќе оди до крајот на годинава, а ако има потреба и наредната година. За другите две кампањи пак целта им била да креираат  јавни политики врз основа на мислењата на граѓаните. Тврдат – тие никако не се поврзани со локалните избори.

За кампањата за  успешна вакцинација и заштита на населението од КОВИД 19 ќе се потрошат вкупно 263.000 евра. Парите ги делат три компании Агенција “Рејтинг“, „Еден на Еден“  и „Технографика“. Тендерот за втората кампања – таа за спречување на корупцијата тежи вкупно 241.000 евра. Парите ќе ги делат две фирми – повторно „Еден на Еден“ и „Технографика“. А компанијата “ТИМ Институт“ ќе добие 116.000 евра за третата кампања. Треба да испита што мислат граѓаните – дали се добри владините политики и дали ефикасно се спроведуваат.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Падна Ветерницата на познатото париско кабаре Мулен Руж

Дејан Дејан

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Дејан Дејан

Пендаровски поразен во Центар, Карпош и Кисела Вода, единствено води во Крушево и Маврово и Ростуша

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе