Македонија Топ вести

Страотна трагедија во Штип – заради недозволена љубов момче и девојка извршиле самоубиство

Момче и девојка поради недозволена љубов, во рок од 24 часа си ги одзедоа животите со бесење.

25 годишното момче вчера е пронајдено на локалитетот „Баргала“, а 21 годишната девојка во семејната плевна во карбинското село Аргулица.

Соседите и пријателите на семејството на девојката се во шок,велат ова е двојна трагедија.

Мештаните пред камерите говорат со солзи во очи, девојката ќе ја паметат како мирна и вредна,  на сите им помагала, кога им требало медицинска помош, втора година работела како медицинска сестра во штипското Инфективно одделение и учествувала и во битката со пандемијата.

Според првичните информации утринава  пронајдено е проштално писмо од девојката, додека момчето не оставило.

Тивко и траорно е денеска во карбинското село Аргулица, по извршениот увид од страна на полицијата и обвинител, наредено е телото на девојката да се предаде на обдукција.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе