Македонија Топ вести

Еден месец откако почина Управата за матични книги ќе го решава случајот со Тони Сали

Случајот на Тони Сали, 19-годишното момче кое почина на 26 мај без матичен број, идентитет и извод на раѓање, Второстепената комисија деновиве го вратила назад на решавање во Управата за матични книги. Исто како да е жив, објавува СДК.МК.

Не е ни чудо што Комисијата прави ваков црн хумор со трагедијата на ова момче, зашто матурантот Тони, одличен ученик кој мечтаеше да студира на Правен факултет, како што немаше извод на раѓање, така не доби ни умреница. Како да не се родил воопшто, како да не постоел.

Непосредно пред да почине, Тони Сали ја чекаше Државната комисија за решавање управни спорови во втор степен, да одлучи по жалбата од Управата. Управата одби да го впише во книгата на родени. Второстепената комисија доцнеше со решението, ги проби сите рокови, уште додека беше Тони жив.

Тони Сали не го дочека решението од Второстепената комисија на чие чело е претседателката Даница Чадиева, тој ненадејно почина во својот дом во скопско Шуто Оризари.
Целата сторија прочитајте ја на СДК.МК.
Фото: СДК.МК
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе