Вести Економија Најважни

РКЕ се уште не ги санкционира компаниите што увезувале неквалитетен мазут

Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвитена седница не донесе одлука за санкции врз нафтените компании што увезувале неквалитетен мазут. На денешниот состанок присуствувале и претставници од Државниот пазарен инспекторат и побарани се дополнителни документи.

По сеопфатните анализи на подготвителниот состанок, РКЕ ја информира јавноста дека утре ќе се одржи вонредна седница на која ќе бидат донесени соодветни одлуки по доставените информации од наодите на државниот пазарен  инспекторат,“наведуваат од РКЕ. Додека се чека конечна одлука на институтуциите, граѓаните и натаму не знаат кој им продава неквалитетни и штетни бензини и нафта на пумпите. Првично беше посочено дека станува збор за три бензински пумпи со неквалитетен производ, но за имињата на фирмите надлежните велат дека треба да финишираат проверките.

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе