Македонија

Изгаснат пожар во неколку објекти на улиците „Цветан Димов“ и „Ремзи Хоџа“

Неколку објекти на улиците „Цветан Димов“ и „Ремзи Хоџа“ (поранеша „Чаирска“) во скопската Општина Чаир попладнево беа зафатени од пожар.

Околу 17 часот, како што потврдија  од МВР и противпожарната бригада на Град Скопје, добиле известување дека избувнал пожар, кој зафатил два дуќани – сервиси за велосипеди и за мотори, една куќа и чајџилница.

Повредени лица како последица на пожарот нема, соопштија од МВР.

Припадници на Противпожарната бригада со неколку возила околу 18.30 часот го изгаснаа пожарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиски препукувања за изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Невработените од земјава, младите до 29 години до денеска можат да се пријават на огласот за добивање грант за самовработување

Kristina Kuzmanovski

Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе