Економија Топ вести

Копањето биткоини ја зголемило потрошувачката на струја во 2020, регистрирани случаи на приклучување на диво во јавната мрежа

Регулаторната комисија за енергетика во последниот извештај за 2020 година забележала нелогично повисока од вообичаеното потрошувачката на електрична енергија, што заедно со Електродистрибуција го поврзале со зголемениот тренд на „копање биткоини“ во земјава, откри првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

2020 беше година на пандемија, но и временските услови не беа баш такви да имаме зголемена потрошувачка заради греење. Понатаму почнавме со анализи, истражувања и контакти, пред се со Електродистрибуција и има сознанија дека веќе има голем број на домаќинства кои што ја користат својата инфраструктура за сервери за копање на биткоини. Исто така веќе започнува и одреден тренд на нивно диво приклучување во јавно осветлување и по одредени места кои што се однесуваат пред се на јавна потрошувачка. Почнуваат по хали да се градат и фотоволтаици, рече Бислимоски.

Тој рече дека немаат прецизни информации за тоа каде, на територијата на државата, се изведува ова „копање биткоини“, но додаде дека Електродистрибуција ќе ги анализира податоците и заеднички ќе ја известат јавноста.

На тоа треба да се обрати внимание поради тоа што, за копањето на биткоините, потрошувачката е релативно висока и таа не може да биде на товар на останатите граѓани. Има и такви случаи каде што на диво се приклучуваат и тоа ние што ги откривме преку електродистрибуција, а верувам дека во наредниот период и електродистрибуција, која што е една компанија во рамките на ЕВН, ќе продолжи да го прави тоа, рече Бислимоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Дејан Дејан

Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Уникатна изведба на „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе