Економија

Вработени во спортските обложувалници се противат на предлог –измените на Законот за игри на среќа

Доколку надлежните ги усвојат измените на Законот за игри на среќа и забавни игри, со кои е стриктно пропишана локацијата на таквите објекти, на растојание од 500 метри од училиштата и средните школи, 10.000 вработени во оваа индустрија , од кои 3.500 само во спортските обложувалници, ќе останат без работа.

Тие денеска се обратија од пред Владата, објаснувајќи го незадоволството од законските измени зашто, како што рекоа, со постојниот Закон, не е дозволен влез на малолетни лица во спортски обложувалници или казина. Ако измените на Законот за игри на среќа бидат усвоени во Собранието, вработените најавија радикални протести.

Законските измени беа ставени на ЕНЕР за коментари. Сега се разгледуваат коментирите и ќе се прави финална верзија на Законот , кој треба да оди во владина и собраниска процедура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Tреба да се радуваме да имаме Дата центри“ – вели првиот регулатор Ристов во интервју за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Првиот регулатор со предлог – банките, фондовите, фирмите да инвестираат во Чебрен, наместо да купуваат станови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе