Спорт

Георгиевски обезбеди настап на Олимписките игри во Токио

За прв пат во историјата Македонија на Олимписките игри во Токио ќе има свој претставник  во теквондо. Нашиот репрезентативец Дејан Георгиевски се пласираше во финалето на квалификацискиот турнир во Софија.

Георгиевски во двата денешни настапи во категоријата до 80 килограми успеа да забележи победи и да се пласира во финалето. Во четврт-финалето македонскиот репрезентативец го совлада Динко Шегедин од Босна и Херцеговина со 17:9, а потоа во полуфиналето триумфираше над Азербејџанецот Радик Исаев со 13:6. Противник во финалето ќе му биде Хрватот, Иван Шапина кој беше поуспешен од Емре Атешли од Турција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе