Македонија Топ вести

Недостаток на кислород во мозокот е причината за бегството пациент од штипската модуларна болница

Мозочна хипоксија или недостаток на кислород во мозокот е причината за бегството на 75 годишниот пациент од Пробиштип од штипската модуларна болница. Пациентот пред пет дена на полноќ во ваква состојба самиот ја отклучил задната врата, а на 50 метри во околната уличка по еден час беше пронајден мртов. Извештајот на Комисијата за квалитет на штипската Клиничка болница е готов и е доставен до институциите, кои треба да утврдат дали има одговорност кај здравствениот персонал. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев вели дека ова не е прв ваков случај, кај пациент кој е во тешка состојба.

Обдукцијата покажа дека пациентот починал од тешка бронхопневомнија. Ѓеорѓијев смета дека имаат доволен број на чувари во болницата, која е од разбиен тип. Во моментов се намалува и бројот на пациенти, но загрижува тоа што и понатаму имаат пациенти во тешка здравствена состојба, во изминатите 24 часа починаа четворица пациенти од Штип и Радовиш. Додека се бие битката со коронавирусот, медицинскиот кадар  од Здравствениот дом, болницата, студентите од Факултетите за медицински науки и информатика и волонтерите на Црвен Крст денеска имаа симулација на масовна имунизација.

Имунизацијата се очекува да почне по Велигден, а досега во Штип се вакцинирани над 800 граѓани со вакцините Астра Зенека и Фајзер.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Побарала 300 евра од студент од Турција да го пушти на испит – професорка на Медицинскиот факултет во Штип фатена со парите во рака

Sasko Dimovski

Државата во јуни позајми над 50 милиони евра од домашниот пазар

Дејан Дејан

Пелагониските сточари на протест, бараат исплата на субвенциите и повисоки откупни цени

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе