Македонија Топ вести

Џафери нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да формира повеќе пратенички групи    

Претседателот на Собранието Талат Џафери тврди дека ВМРО-ДПМНЕ и да сака нема да може да формира повеќе пратенички групи. Такво право пред неколку години имаше СДСМ но од таквото дејствување произлезе и политичката криза со настаните од 27 април. Според Џафери тоа бил период што е веќе зад нас и не треба да се враќаме на тие правци.

Дали ВМРО-ДПМНЕ кое во моментов имаа 44 пратеници ќе формира 8 пратенички групи ќе зависи од однесувањето на Џафери во наредниот период. За нив нема дилема „Деловникот дава законска можност за такво дејствување.“

СДСМ стравува од повторување на настаните од 27 април а Алијанса на Албанците и Алтернатива од нови блокади.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ формира повеќе пратенички групи тогаш партијата ќе има повеќе координатори, процедурални забелешки, поставувања прашања, поднесување интерпелации. Во моментов во Собранието се блокирани 28 закони од страна на опозицијата. На 5 мај е закажана седница на која треба да се гласаат законите за кои е завршена расправата но не беа донесени поради немањето кворум. Пратениците се надеваат дека овојпат нема да се повтори сликата во скафандери да се носат на гласање пратеници болни од Ковид-19.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Превозниците од Западен Балкан ѝ поставија рок на ЕК за проблемот со возачи

Дејан Дејан

Јакимовски не оди во затвор на 2 јули

Дејан Дејан

Мај донесе пад за индустријата, производството намалено за 2 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе