Кошарка Спорт

Кошаркарите ги добија ривалите во претквалификациите за Мундобаскетот 2023

Македонската кошаркарска репрезентација ги доби своите ривали во претквалификациите за Светското Првенство во 2023 година. Интересен е фактот дека ќе играме против истити противници како и пред четири години.

Денешната ждрепка во Берлин ги одреди нашите противници во групата Г во претквалификациите за Мундобаскетот, а тоа се Швајцарија и Словачка. Со овие репрезентации игравме и во претквалификациите пред четири години за Евробаскетот 2021.

Во останатите групи се среќаваат:

Група Д: Шведска, Португалија, Австрија
Група Е: Романија, Летонија, Белорусија
Група И: Црна Гора, Данска, Исланд

Пласман во главните квалификации ќе обезбедат првите две селекции од групите.
Натпреварите ќе се играат во периодот од 11 до 28 август.

„Знам едно нешто. А тоа е, кога веќе сме влегле во една ваква работа, не треба да се плашиме од никој. Реков, респект за секого, но ние мора да изградиме едно високо ниво на самодоверба. Само така можеме да ги минуваме пречките кои стојат на нашиот пат. Почнувајќи уште од првиот собир, таму некаде во текот на летото. Само да бидеме живи и здрави, се ќе биде како што треба“, изјави по ждрепката новиот селектор, Драган Бајиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хименез го потврди трансферот во Милан преку социјалните мрежи (ФОТО)

Дејан Дејан

Јувентус тргнува по Озимен: Влаховиќ си заминува

Дејан Дејан

МЗТ бара нова победа, Работнички на мегдан со „фенерџијата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе