Вести Македонија

Одбраната на Камчев бара меѓународен мониторинг за неговиот случај

Oдбраната на бизнисменот Јордан-Орце Камчев испратила отворено писмо до 47 министри за надворешни работи на Советот на Европа со кое бара неговиот случај да биде ставен под меѓународен мониторинг.

Камчев се наоѓа во притвор како осомничен во истрагата „Плацови на Водно“, а е дел и од осомничените во предметот „Империја“, меѓутоа неговата одбрана смета дека неговото лишување од слобода било противзаконско.

„Поради молкот на македонските институции во овој случај, до кои повторно апелираме да започнат да постапуваат согласно својот професионален интегритет, одбраната на господинот Јордан Камчев бара меѓународен мониторинг на случајот односно овој случај да биде дел од процесот на мониторинг на Комитетот на министри на Советот на Европа“,

тврди неговата одбрана во соопштението испратено до медиумите.

Причините од кои бараат мониторинг, како што наведува адвокат Тони Менкиноски, е што според нив круцијалниот доказ – белешката од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дека се подготвува за бегство, е незаконит и не смее да биде доказ во кривична постапка, а дополнително го обвинуваат и судот дека не им го дава на увид.

Тврдењето на одбраната е дека информацијата на АНБ е спротивна на членот 43 од Законот за Агенцијата за национална безбедност и затоа не смее да се употребува како доказ. Одбраната се жали и дека врз неа се прават јавни напади и притисоци преку соопштенија и изјави со кои се дискредитира целокупниот предмет, иако директно не посочува за кои соопштенија и изјави станува збор.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Политички судир околу Изборниот законик – СДСМ обвинува за изборна кражба, од ВМРО ДПМНЕ велат прифативме сѐ што побараа

Дејан Дејан

(Видео) Пoжар се шири кон куќите во Шутo Оризари

Kristina Kuzmanovski

Попладневна локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Временска прогноза за 1.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе