Вести Култура

Министерство за култура доделило 6.6 милиони евра на сомнителен начин за проекти во 2019 та

Повеќе неправилности за доделување пари за проекти од национален интерес преку Министерството за култура утврдил државниот ревизор. Министерството исплаќало пари за проекти со некомплетна документацијабез воопшто да има потврда и дека проектот се реализирал, а во готово се наплатувале проекти кои чинеле повеќе од законски дозволеното.

Исто така најголемиот дел од хонорарите оделе за организаторите на настаните, а во исто време не бил предвиден посебен критериум за оценка на манифестациите. Со ова ревизијата пресметала дека министерството исплатило 6 милиони и 600 илјади евра за финансирање на проектите од годишниот конкурс без да има јасно дефинирани услови и критериуми за начинот на кои се делат парите во 2019 та година. Инаку половина година министер за култура беше Асаф Адеми додека втората половина  Хусни Исмаили. Низа реакции имаше после објавувањето на резултатите од конкурсот во кои сомнителни апликанти без никаков беграунд во културата добија огромни суми пари.

Во ревизорскиот уште се вели како можни идни финансиски импликации врз државниот буџет може да се поврзани со градежните работи на Драмски театар и изградба на Објект со Скулптурална композиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе