Петтиот сет на економски мерки задоцнет, но ќе даде позитивен ефект на стопанството, а од денеска од 10.000 работници во земјава на кои на конец им висеа работните места во фабричките хали се вратени над половина од нив е оценката на претседателот на Организација на работодавачи Ангел Димитров. Како што политичарите калкулираат во македонскиот парламент, така и стопанствениците калкулирале и чекале.
Но, оние компании кои се дават во долгови, кредити и неисполнети обврски, нема да конкуритаат. Според Димитров колку од компнаиите ќе остнатат да работат и ќе зачуват работни места ќе се знае на крајот од овој месец, кога завршува рокот за аплицирање за субвенционирање на платите. Шестиот пакет е неопхопден за трудоизнтензивните гранки бидејќи во моментов поради локдаунот во Германија и во земјите каде се извезуваат производите нема потрошувачка на пазарот, а и странските партнери не бараат нови нарачки. Но, до јуни ќе се знае состојбата на овие странски пазари и дали со имунизацијата на населението економијата ќе почне да заздравува.
Викторија Јованова