Економија Топ вести

Зголемени цените на основните прехрамбени производи-експертите смируваат дека не се работи за инфлација

Граѓаните се жалат на зголемените цени на основните прехрамбени продукти и на  се понискиот стандарт во третиот бран од пандемијата.  Но, економските експерти смируваат дека се работи за постојан пролетен тренд на зголемување на цените што го диктираат берзите и дека во мај ќе следи стабилизирање на цените.

Во услови на трет бран од пандемијата, кој погоди многу граѓани, што останаа без работа, дополнителна тежина се и зголемените цени на основните прехрамбени производи. Граѓаните се жалат дека потрошувачката кошничка е се помала , а џебот се поплиток поради зголемувањето на цените на дел од производите до 5 денари.

До 5 денари би рекла . Прво на зејтинот, на основните продукти. Брашно, млеко, зејтин, леб. Па лошо е, се гледа голема промена во домашниот буџет, вели една граѓанка.

Како пазарувам , така гледам дека голем дел од парите што ги заработувам ми одат на храна и на сметки. И малку ми е густо, не малку , малку повеќе. И ако земам некои суплементи кои ги користам против пандемијата , сум без пари. Би кажала за 20% повисоки цени имаме во однос на една Германија, смета друга граѓанка.

Точно 272 денари за ова. И тоа ми се украдени 8 денари од кило.А,  во ова нема кило. Ми рече дека е 51 денар за кило, а 59 денари ми го наплати на касата, вели постар граѓанин.

Треба некој да контролира, смета друг граѓанин

Посебно сега пред празници, цените многу одат нагоре, вели трет граѓанин.

Не се очекува инфлацијата да се вивне – туку станува збор за тренд, односно цените на основните продукти растат пред пролетните празници, потврдуваат економските експерти. Но, според нив, актуелните покачувања на дел од производите во малопродажбата  се поради зголемувањата на цените на берзата.

  • Мислам дека е попроблематично зголемувањето на цената на основните прехрамбени производи , каде што е главно и берзанска, односно зависи главно од неколку земји – производители. А, тука имаме некој посериозен раст можеби на маслото за јадење и на некои други прехрамбени производи, вели Павле Гацов- претседател на Здружение на даночни советници.

Нема потреба за аларм, но државата треба да внимава да не влеземе во непазарни однос, вели Гацов.

  • Тука е државата преку алатки и механизми да го запре овој тренд , односно да влијае на неговото стопирање, преку зголемување на понудата. Тоа е главната поента. А сите други мерки , од типот на ограничување на цените, се краткотрајни и не даваат ефекти на долг рок, вели Павле Гацов- претседател на Здружение на даночни советници

По првите денови на мај ќе следи намалување на цените на основните прехрамбени производи и нивно стабилизирање.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Уникатна изведба на „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугарија

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе