Македонија Топ вести

Виси професорското место на Рашковски

Ова е одлуката од 2019 та година со која Драги Рашковски станал вонреден професор на правниот факултет, откако претходно беше доцент на истиот. Неговото име се уште се наоѓа и на сајтот на факултетот но работното место му беше ставено во мирување бидејќи тој уште во 2017 та година стана Генерален секретар во Владата на премиерот Зоран Заев.

Телма дознава дека во вторникот, ден по депонирањето на неговата оставка тој поднел барање до правниот факултет да се врати на старото работно место.

Но според извори од факултетот ова е задоцнето барање иако е испратено во законски рок од 10 денови од заминување од функцијата. Спорно е дали неговото последно работно место всушност е функција на избрано и именувано лице или пак е само административен службеник во владата.

Според изворите Рашковски апанажа или враќање на работното место можел да побара во октомври лани кога ја поднесе оставката од Функцијата Генерален секретар на владата, а не сега кога беше  секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на владата.

Тие се повикуваат на законот за избрани и именувани лица според кој велат дека последното работно место на Рашковски не било ниту избрано ниту именувано од собранието или владата.

Ваквата функција ја нема ниту во законот за Влада каде се вели дека само Генералниот секретар и неговиот заменик е именуван од Владата.

Од таму пак велат дека со одлука од септември лани а објавена во ноември сепак ој добил статус на функционер.

“Според Законот за Влада, премиерот има право да го оформи тимот во својот кабинет. Во рамки на канцеларијата на премиерот, беше воспоставен Секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на Програмата на Влада на Република Северна Македонија, а за секретар од страна на премиерот беше именуван Драги Рашковски” –соопштија од владата.

Ако се погледне листата на именувани советници од премиерот Зоран Заев таму го има Рашковски, иако ја нема висината на неговата плата.

Неговото име се наоѓа и во анкетните листови на ДКСК за имотна состојба и тоа и како ген-сек и како секретар за мониторинг како тој да е избрано или именувано лице. но според информациите на Телма сепак во Деканатот се на спротивен став и не се знае дали тој ќе може да се врати на професорската работа.

Тој пак од вчера е во домашен притвор како осомничен за злоупотреба на службената положба. се сомничи дека целосно ја наместил јавната набавка на владата за софтверот за безбедност во сообраќајот, кој патент бил лично негова сопственост.

За злоупотреба на службена положба и овластувања за кој се сомничи Рашковски и тројцата други осомничени Кривичниот законик предвидува казна од минум 5 до максимум 20 години затвор.

Според обвинителството во три одделни, но меѓусебно поврзани јавни набавки, го оштетиле буџетот на државата за околу 177.000 евра.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Талат Џафери предупредува на обиди за изборен инжинеринг за менување на силите во парламентот

Дејан Дејан

Управен оформи предмети за седумте тужби на Европски Фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе