Вести Македонија Топ вести

Три тони кислород дневно за ковид пациентите во Битолската болница

Битолската болница со вкупно  149 пациенти на болничко лекување  го достигна рекордот по бројот на хоспиталзирани од почетокот  на пандемијата. Сите се во тешка сосотојба и на кислородна поддршка.  Дневната потрошувачка на кислород е огромна и  достигна 3 тони за 24 часа, а во претходните месеци се трошеа 600 до 800 килограми дневно.

-Во моментот има доволно залихи на кислород, ја менаџираме ситуацијата деноноќно, како доаѓаат потребите така се менаџира. Но, тука не е само кислородот, потребни се лекарства, потребна е терапија, ние имавме обезбедено за одредена бројка на пациенти, но постојаноа  се прават нови набавки. Засега имаме доволно услови за да ги згрижиме овие пациенти, вели Билјна Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

Регионалниот  КОВИД центарот во Битола има капацитет од 170  болнички кревети.  Слободни места има, но и натаму најголем проблем е недостигот на кадар. Лекари од сите специјалности и медицински сестри од другите оддели ротираат во трите КОВИД блока во бтолската болница.

-Тешка е сосотојбата, но се обидуваме да излеземе во пресрет на потребите на пациените. Но, пак упатувам апел до граѓаните, да се почитуваат мерките. Сето ова можеше да биде поблаго, можеше да биде помал притисокот во болниците, вели Гагачовска.

Битола и натаму и натаму е меѓу најголемите жариштса на вирусот и на врвот на листата од ковид статистики по бројот на активни случаи. За само еден месец се заразиле над 1600 битолчани.  За истиот период  починале 56 битолчани, меѓу кои се и три лица  кои денеска ја изгубија битката со коронавирусот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе