Вести Македонија

Утре се очекува решение за спорните државјанства

Утре треба да бидат познати законските олеснувања за добивање македонско државјанство. Решението ќе се бара на лидерска средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерите на втората по големина опозициска коалиција, Зиадин Села и Африм Гаши. За почеток, двете страни се согласни дека новиот закон нема да значи стекнување со државјанство со изјави на тројца сведоци, што беше првичниот предлог на Алијанса-Алтернатива.

Минатава недела, премиерот Заев најави дека најверојатно ќе се предвидат 10 до 15 услови за решавање на статусот на лицата без државјанство. Нејасно е дали познавањето македонски јазик ќе биде задолжително или лидерите ќе се договорат да биде прифатлио и знаењето само на албанскиот.

Законот предложен од Алијанса-Алтернатива беше блокиран со над илјада амандмани. ВМРО ДПМНЕ најави дека ако се постигне прифатлив договор, ќе ги повлечат, но не и Левица која има над 500. Заради тоа, партиите на Села и Гаши поднесоа илјадници амандмани на десетици други закони. Ги блокираа и законите кои треба да обезбедат економска помош за стопанството и за одредени категории граѓани. Доколку тројцата лидери утре постигнат договор, наредните денови се очекува донесување на законите од четвртиот и петтиот пакет мерки, како и други закони, замрзнати со филибастеринг.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе