Економија Топ вести

Тендери од 11 милиони евра договорени во „четири„ очи

464 тендери во вредност од 11 милиони евра се договорени во „четири очи“ само во првите шест месеци од минатата година.  Ова е за речиси 15 проценти повеќе од истиот период претходната година.Само во 22 отсто од нив, ваквата постапка е оправдана со корона кризата, односно набавките морале да се направат итно.  На секој трет тендер е доставенa една или ниту една понуда, а секој четврти е поништен. Од Центарот за граѓански комуникации кои ги истражуваа јавните набавки и ги објавија овие податоци, велат дека, комотноста да се крши законот на овој начин произлегува од недоволното системско делување.

Најголем број на поништувања на тендери имале АД Електрани, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.  Истражувачите укажуваат дека, „поништувањето на тендерите се покажува како најсигурно прибежиште за институциите кога ќе почувствуваат дека набавката нема да излезе како што замислиле, било од чесни или од нечесни намери„,.  Кај 80 проценти, причина за поништувањето била понудената повисока цена од проценетата вредност на набавката. Ниту една институција во државата нема развиено процедура за проценка, со што се губат време и пари, а кај фирмите се создава и деловна неизвесност. Во 96 отсто од набавките, единствен критериум за избор на најповолната понуда е најниската цена, а не и квалитетот.

Лекот за овие појави не е едноставен и вклучува многу фактори. Покрај засилена контрола од Бирото за јавни набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки, Антикорупциската комисија и Државниот завод за ревизија и Обвинителството кое може да реагира по допрен глас.

Загрижувачки манипулативно, вели Филков,  е и што понудувачите доставуваат симптоматично блиска цена до проценетата вредност на тендерите, која не се објавува јавно, што укажува на тоа дека, сепак, некој им ја дошепнува цената.  Електронската аукција е користена во дури 92 отсто од тендерите, со што се овозможува и натаму да бидат широко распространети манипулациите што таа ги нуди со јавните набавки.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе