Македонија Топ вести

Комисијата за заразни болести утре на состанок, дали ќе има нов предлог до Владата?

Дали ќе има нови рестриктивни мерки, продолжување на траењето на полицискиот час или пак ќе се задржат постоечките ќе одлучува Комисијата за заразни болести која ќе се состане утре.

На состанокот ќе се анализираат бројките на новозаболени и хоспитализирани врз основа на што ќе се донесе заклучок дали ќе има нов предлог до Владата или не.

„ За утре е закажан состанокот на Комисијата за заразни болести. Ќе се анализира трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не“ – посочи министерот за здравство, Венко Филипче.

А дека веќе еднаш прележаниот вирус не дава стоотстона заштина покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје според преку стотина пациенти заболеле по втор пат.

Најмладиот пациент имал само 6 години. За жал за двајца исходот бил фатален.

Она што загрижува е и што паѓа старосната граница на активните случаи, што делумно се должи и на ширењето на британскиот сој.

Според анализата на Институтот за имунобиологија, секој трет граѓанин во земјава има антитела на ковид-19. Испитувањето спроведено врз 1.000 случајни минувачи на шест локации во Скопје изминатите две недели, покажало дека 31 отсто од испитаниците имаат антитела или секој трет граѓанин прележал ковид-19.

Во анализата биле земени примероци и од луѓе кои знаеле дека го прележале вирусот, но и од испитаници кои не биле заразени или пак не знаеле дека биле позитивни.

Притисокот врз здравствените капацитети се зголемува од ден во ден, ковидц центрите на скопските клиники повторно се отвараат, последен во низата е нво склоп на Ургентниот центар.

Во последното деноноќие само во скопје се хоспитализирани 67 нови пациенти а во моментов 1.082 пациенти се хоспитализирани во Ковид центрите и на инфективните оддленија во болниците во Скопје и внатрешноста кои располагаат со уште 340 слободни кревети.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе