Македонија

Османи: Во ниту еден момент не сме кажале дека е Фрчкоски е кандидат за амбасадор во САД или е отфрлен или прифатен

Порталот МКД.мк повикувајќи се на свои извори објавува дека Љубомир Даналилов Фрчкоски, за кого неодамна беше објавено дека ќе биде новиот македонски амбасадор во Вашингтон, од Соединетите Американски Држави не ја добил согласноста за оваа дипломатска функција.

„На ранг на дипломатски скандал е што владата мислеше дека домат-дипломатијата на Заев – Димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчковски. Уште поскандалозно е што Заев останува во потрага по нова функција на Фрчковски кој очигледно не е подобен за амбасадор. Освен Заев што се брука во земјава се брука и надвор од државата“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, рече дека името на професорот Фрчковски дека е кандидат и информациите дека се повлекува биле од медиумите.

„Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите на кандидатури на амбасадор, односно амбасадори се до потврдување на агреманот се во дискреција и се класифицирани податоци“, вели Османи.

Тој потенцираше дека се додека Министерството за надворешни работи не потврди одредена кандидатура за назначување на амбасадор не треба да се земе како официјална вест.

По истекот на мандатот на последниот амбасадор Васко НаумовскиИнаку, Македонија веќе три години нема амбасадор во Вашингтон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Боцевски во „Топ тема“: Пендаровски зборува како кандидат за премиер, го мобилизира членството на СДСМ и го глуми Зоран Милановиќ

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ во „Топ тема“: Следи тесна битка за претседател меѓу двајца кандидати, Македонија нема да погреши со било кој од нив

Дејан Дејан

Сефери во „Топ тема“: Проевропски наратив кај партиите од власта наспроти етноцентричен кај опозицијата, мислам дека Таравари и Османи се свесни дека не можат во втор круг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе