Најважни Свет

(видео)Нов силен земјотрес во Лариса, Грција почувствуван и во земјава

Нов силен земјотрес од 5.9 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва околу  19.30 часот (20.30 по локално време), во близина на грчкиот град Лариса, а беше почувствуван и во земјава.

Првичните информации на грчките медиуми се дека во дел од погодената област е причинета голема материјална штета.

Информации за евентуални жртви нема, а пребарувањето на погодените места е отежнато поради прекинот со електрична енергија како последица на силниот потрес.

Земјотресот, според првичните информации,  предизвикал и одвојување и паѓање на камења од туристичката атракција Метеори

Според  грчката државна телевизија – ЕРТ, епицентарот на земјотресот бил 15 километри од  Месохори и станува збор за сосема нов расед, различен од оној кој го предизвика земјотресот вчера со јачина од шест степени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Напад врз три возрасни жени во Вастерас – шведската полиција го застрела напаѓачот

Дејан Дејан

Нема жртви, ниту е направена штета – иранскиот шеф на дипломатијата по денешниот напад со дронови врз Исхафан

Дејан Дејан

Забрането е името на ,,Пабло Ескобар” да се користи како трговска марка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе