Осум случаи на реинфекција со вирусот на КОВИД 19 се регистрирани од почетокот на пандемијата до денес во Прилеп, а четворица од повторно зарзените се во последните три недели откако доминира британската сој. Реинфицираните, ако првиот пат биле асимптоматски или со полесна клиничка слика сега имаат поизразени симптоми, но и обратно. Од Центарот за јавно здравје во Прилеп сепак уверуваат дека оваа бројка не е голема и е во светски рамки, па се уште нема доволно податоци околу манифестацијата на симптомите, ниту пак точно се знаат причините за реинфекција.
Причинате за реинфекција се претпоставува дека е затоа што нема доволно антитела после прележаната инфекција, и секако најновите истражувања за кои сеуште нема потврда, дали имунитетот стекнат после првичната инфекција е доволна заштита и од новите мутирани соеви, велат од Центарот за јавно здравје во Прилеп.
Прилеп, заедно со Кавадарци и Охрид е едно од трите жаришта на британската мутација на КОВИД-19, па бројот на заразени и натаму драмтично расте. За една недела се регистриани 315 нови слуачи, а починале 10 лица. Болеста е во тек кај 658 прилепчани, што е најголем број на активни слуачи од градовите во внатрешноста. Потоа следата остантите жаришта на британскиот сој Кавдарци со 629 кативни и Охрид со 438. Во останатите градови бројките се неколкукратно помали.
Зголемениот број на новозаболени во Прилеп се должи на доминантноста на британскиот сој кај новозаболените, кој е многу позаразен и поради непочитување на мерките за заштита. Еден од главните проблеми на епидемиолозите при анкетирањето е криењето на контактите, а анкетираните од различни причини не кажуваат дека присуствувале на критичниот настан и со кого биле во контакт, наведуваат од Центарот за јавно здравје
Се полни и Прилепската болница, каде се хоспиталзирани 75 пациенти. Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени во Прилеп е речиси 5 и пол илјади, а од вирусот починале 264 лица.
Емилија Мисирлиевски
