Македонија

Измамници злоупотребувале податоци на хумани граѓани за да подигнат брзи кредити

Неколкумина граѓани од истокот измамени преку социјалните мрежи,  во нивно име група на измамници земале брза кредити, а оштетените па и на рака им ги давале парите.

Граѓаните на измамите наседнувале преку фејсбук или месенџер, давајќи им фотокопија од лична карта, трансакциска сметка и електронска здравствена легитимација.
Измамените парите ги ваделе од нивните сметки и преку посредници им го давале на сторителите, незнаејќи дека парите на нивните сметки се од одобрени брзи кредити.

Полицијата апелира да не се наседнува на вакви измами и граѓаните да не ги даваат своите лични податоци, а доколку биле мета на измамниците да пријават во полиција. Се работи на документирање на случајот.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Здрава котлина“: Одлуката на Вишиот Управен суд не значи автоматско отворање на рудникот Иловица

Дејан Дејан

(видео)Спасено мало срнче на Пелистер кое го нападнало куче бездомник

Дејан Дејан

Трипуновски: Македонија забрзува – од долгогодишен застој денес имаме конкретни резултати во земјоделството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе