Македонија Најважни

Собранието изгласа доверба на владата без расправа  

Со 62 гласа за, ниту еден против ниту воздржан, Собранието изгласа доверба на Владата.

Предлогот го иницираше попладнево Премиерот Заев кој повикувајќи се на членот членот 93 став 1 од Уставот и 217 став 2 од Деловникот усно побара од пратениците без расправа да се гласа за доверба на Владата.

Ова според него е моментот кога треба да се расчисти дилемата кој има мнозинство во Парламентот.

Опозицијата остро реагираше на ваквиот начин на барање за гласање доверба на Владата    кое се случува за прв пат во нашата земја.

Жално е, рече Мицевски од ВМРО ДПМНЕ што немате храброст да дозволите три дена расправа за гласање доверба на Владата.

Непосредно пред гласањето опозцијата ја напушти собраниската сала а Премиерот Заев имаше уште едно обраќање пред парламентарното мнозинство во кое говореше за неговите и успесите на Владата во изминатиот период обвинувајќи ја опозицијата дека е деструктивна и ги кочи сите реформи. Прашањето за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе