Ковид19 Македонија Најважни

Задолжителен карантин од 14 дена за сите кои доаѓаат од африканските земји

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Комисијата за заразни билести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. До овој момент во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот.

Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на бирсеви на двајца пацинети ковид позитивни кои се вратиле од патување од Занзибар. Пацинетите се хоспитализирани веднаш откако ги пројавиле првите симптоми на вирусот СарсКОв2.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот. Апелираме до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Долго собирам материјал, а потоа пишувам во манично – трескавична состојба, открива Дејан Дуковски автор во фокусот на „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Трошоците за живот повисоки за околу 5 отсто, најмногу поскапеле транспортот и храната

Дејан Дејан

Се допреле со ретровизорите, па го чекале во грмушки и пукале кон него – двајца браќа во Шишево осомничени за обид за убиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе