Свет

Дојче веле: Католиците во Германија масовно ја напуштаат црквата поради аферите на кардиналите

Информатичарите од Окружниот суд во Келн во петокот активирале дополнителни датуми и рокови за напуштање на Католичката црква, по што серверот веднаш „паднал“.

„Дојче веле“ пренесува дека сите дополнителни рокови веднаш биле „заграбани“.

Судот во моментов обезбедува 1.000 термини месечно за напуштање на црквата, иако побарувачката за термини на епархиско ниво е многу поголема. Од март минатата година  Окружниот суд во Келн сака секој месец да понуди дополнителни 500 термини. Кога се закажува состанок апликантите не треба да наведуваат која црква сакаат да ја напуштат или причините за тоа.

Се претпоставува дека ненадејното регионално зголемување на бројот на лица кои ја напуштаат црквата во Келн е поврзано со скандалот околу кардиналите.

На поглаварот на епископијата во Келн му се забележува за обидот да се прикријат инцидентите на сексуално злоставување во Католичката црква, а конкретната причина е експертизата што кардиналот не сака да ја објави.

Колку и да е забележливо зголемувањето на бројот на луѓе што ја напуштаат Црквата во Келн, овој тренд е присутен и во претходните години низ цела Германија и ги зафаќа и големите христијански цркви: католичката и евангелската.

Во 2019 година повеќе од 250.000 христијани ја напуштија католичката или протестантската црква. Тоа досега беше рекордна година.

Околу половина од луѓето што живеат во Германија се уште се членови на една од овие две цркви.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Талибанци за првпат на разговори со ЕУ во Брисел по 2021 година – Белгија им издала еднодневни визи

Sasko Dimovski

Трамп: Рекордни 19 милиони барели нафта поминаа низ Ормускиот Теснец, цените паѓаат, светот е многу побезбедно место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе