Македонија

Тодоров: Mора да се лоцираат слабите точки каде системот затаил

Исчезнувањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше лошо и за него и за државата, смета поранешниот вицепремиер и министер за здравство Никола Тодоров во гостувањето на Топ Тема на Телма. Тој вели дека Мијалков го познава долго време и бегањето не било во негов стил.

Тодоров смета дека изјавата на премиерот Заев кој рече дека институциите го принудиле Мијалков самиот да се пријави, затоа што му ги затвориле сите опции, е погрешна.

Не може и не смее да не се види каде затаил системот. Значи тој мора како премиер и ова е шанса за него ако сака да покаже дека има навистина силна волја за темелна, длабока и правилна реформа, тоа да го направи. Не секогаш е значајно да има кривична одговорност, некогаш може да има и морална одговорност. Но мора да се лоцираат слабите точки каде системот затаил, ако затаил, и да видиме како тоа да се реши. Не сум ја слушнал изјавата но ако навистина така рекол, дека не треба да има било каква одговорност, тоа е грешка. Напротив мислам дека без разлика на се, и како што кажав исчезнувањето и појавувањето на Сашо Мијалков, не го реши проблемот, проблемот постои, вели Тодоров.

Одговорот мора да го дадат институциите, продолжи Тодоров и потенцираше дека ќе биде грешка на премиерот ако не инсистира оваа работа да се расветли до крај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поскапува задолжителната осигурителна полиса – нови цени за регистрација на возила

Дејан Дејан

Рокот за приговори за постапката за гласање е до 19 часот, до полноќ за сумирање на резултатите

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе