Македонија

Помалиот син на Мијалков на информативен разговор во ПС „Пролет“

Помалиот син на поранешниот прв човек на УБК сега бегалец на органите на прогонот, Сашо Мијалков е на информативен разговор во полициската станица „Пролет“ во Скопје, информира репортерот на Телма, Павле Беловски.

За сега се уште нема официјални информации од од МВР дали постојат некои сознанија каде е Сашо Миајлков.

Во полициската станица денеска беше собрано семејството на бегалецот, брат му Влатко Мијалков беше околу три часа, таму беше повикан и синот на избеганиот обвинет Јордан Мијалков, а со луксузниот автомобил и уште неколку возила беа донесени и возачот и обезбедувањето на Сашо Мијалков.  Откако автомбилите беа претресени си заминаа и неговите телохранители.

Во текот на денот на информативен разговор беше повикана и неговата сопруга Александра Мијалкова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Кривична пријава за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш

Дејан Дејан

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Дејан Дејан

Пендаровски: Го вратив законот за игри на среќа, ЕУ децидно ми кажа – „нема ниту една европска директива за која го врзувате, европското знаме е злоупотребено“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе