Вести Свет

Минатата година 6.500 албански граѓани побарале азил во земјите на ЕУ

Независно од ограничувањата и тешката година поради пандемијата со Ковид-19, албанските граѓани не се откажале од желбата да ја напуштат земјата и да побараат азил во некоја од земјите членки на ЕУ, иако поради затворањето на границите тој број е помал споредено со претходната.

Податоците на Европската канцеларија за азил покажуваат дека минатата година за азил аплицирале околу 6.500 албански граѓани, наспроти 20.000 колку што апликации имало претходната година.

-Најмал број апликации е евидентиран во месеците март и април, што се совпаѓа со времето кога земјата беше во карантин, но приливот се зголемва од јуни. Само во декември имало околу 460 апликации, од кои 289 се за првпат. Од разгледаните 8.700 барањата, дел од нив од претходната година, лани, статус на бегалец добиле 125 албански граѓани, стои во извештајот.

Во последните извештаи на Европската канцеларија за азил, Албанија се најде на второто место според барањата за азил во однос на населението, оставајќи ја зад себе само Сирија, при тоа 75 отсто од Албанците кои бараат азил во земјите на Европската унија се помлади од 34 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ПИОМ е неликвиден, доцни со уплатите во вториот пензиски фонд и во ФЗО

Дејан Дејан

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе