Македонија

Иницијативниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од вонреден когрес

Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на 28 март. Од иницијативниот одбор велат дека бегството на Мијалков нема да има никакво влијание на конгресот и дека сите делегати ќе бидат присутни.

Конгресот ќе го одржиме.Нема причина за какво било одложување.Течат сите подготовки.Иницијативниот одбор ги следи случувањата и за секоја нова одлука која ќе биде донесена ќе ја информираме јавноста, вели Коневски.

Но и покрај тврдењето дека нема никаква пречка, сепак одржувањето на конгресот ќе се случува во исклучителен момент кога во бегство е еден од главните иницијатори за промени во ВМРО-ДПМНЕ. Неизвесно е дали ќе успеат во намерата да издејствуваат одговорност од Христијан Мицкоски и како ќе ја реализираат идејата за обединување на членството.

ВМРО-ДПМНЕ пак смета дека конгресот е добра прилика за прочистување на партијата и правење разлика. За нив единствен конгрес кој постои е оној кој ќе се одржи во ноември со нови делегати кои беа именувани по промената на статутот на партијата.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еуромакс испорача рок или Владата ќе одлучи за рудникот за бакар „Иловица-Штука“ или правдата ќе ја бараат пред Арбитражен суд

Дејан Дејан

Протест пред Култура поради непостигнатиот договор за зголемени плати

Дејан Дејан

За еден месец изгорени повеќе од 400 хектари шума на Шар Планина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе