Македонија Топ вести

Заев очекува Мијалков да биде пронајден, во спротивно ќе бара одговорност од институциите

Премиерот Зоран Заев е разочаран што Сашо Мијалков се уште не е пронајден и не е однесен во куќен притвор, што му го одредил судот. Тој очекува институците да направат се тој да биде пронајден и однесен во куќен притвор. Очекува детали од сите надлежни институции за овој случај и како што вели, ако некаде биле констатирани пропусти ќе се бара одговорност.

Очекувам детални информации и истрага за самиот случај од судот, јавното обвинителство и од МВР. Нашиот народ очекува целосно расветлување на ваквиот случај и понесување одговорност ако не се спроведе судското решение за ставање во притвор на лице за кое се очекува да се донесе пресуда за еден од најважните случаи во РС Македонија,а тоа е разрешницата преку пресуда на Основен суд за случајот со прислушувањето или таканаречен „Таргет-тврдина“, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања по сведочењето во случајот „Титаник“.

Нагласи дека ќе побара одговорност кога ќе се дознаат сите детали. Според него, дека нема никаков политички договор со Мијалков говори тоа што процесот против него за случајот со прислушувањата е пред изрекување пресуда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе