Вести Економија

Отворено писмо до премиерот за негативното влијание од малите хидроцентрали

Како сериозно загрижувачка, од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, ја оценуваат изјавата на претседателот на Владата, Зоран Заев, дека „малите хидроцентрали се најеколошки извори на енергија“. Во отворено писмо до него, реагираат на владините Одлуки за мали хидроцентрали на Маврово и Шар Планина и ги истакнуваат постоечките документи, кои недвосмислено алармираат за негативното влијание на ваквите објекти врз природата и биолошката разновидност. Потенцираат дека сите надлежни институции во државата имаат законска обврска да ги почитуваат и спроведуваат.

Истовремено во писмото потсетуваат дека проценката на влијанието на новиот Закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк многу јасно го оценува влијанието на малите хидроцентрали, како и на отворениот меѓународен случај против земјава пред Бернската Конвенција.

Од Еколошкото здружение „Фронт 21/42“ бараат од премиерот да се донесе Одлуки за исто стопирање на сите планирани хидроцентрали, како и да се воведе Забрана за изградба на вакви објекти во заштитени подрачја, која е наведена во владината програма, во делот „Заштита на животната средина“.

 

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта во реконструкција, опозицијата со оценка – се менуваат фотелјите, но не и политиките

Дејан Дејан

Топлото време ги зголеми повиците на Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Претпладне сончево време со мала облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 22.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе