Македонија

ЗНМ: Да се повлече конкурсот за награди за новинари и медиуми од Општина Аеродром

Да се повлече конкурсот за награди за новинари и медиуми од Општина Аеродром – бара Здружението на новинарите на Македонија. Општината објави јавен повик за новинарски натпревар и доделува награди во износ од 180.000 денари.

Ваквата пракса преку која општината парично наградува новинари може погрешно да биде толкувана во јавноста дека преставува поткуп со јавни пари да се влијае на медиумски содржини поврзани со работата на Општина Аеродром. Мотивирање на новинари и медиуми со јавни средства да известуваат за работата на општините преставува етички конфликт кој може да значи влијание врз уредувачката политика, а тоа може да предизвика штета на медиумската сцена, реагираат од ЗНМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругата ја удирал со тупаници и со нож се заканувал на мајка му – обвинителството бара насилникот да оди во притвор

Дејан Дејан

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Мицкоски: Постои опција и за промена на ресори меѓу владините партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе