Економија

Бачовски: Исплатени субвенциите за лозарите 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека на сметките на 14 113 лица кои одгледуваат лозови насади исплатила вкупно 550.741.044 денари.

Станува збор за исплата по однос на мерките: директни плаќања за оддржување на лозови насади“ и директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања во последните три години.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека субвенциите за лозарите се веќе на нивните сметки.

– Парите за лозарите ги исплаќаме пред празникот Свети Трифун, кога и официјално почнуваат активностите околку производство на нова реколта на домашно грозје и вино. Наше е да обезбедиме поволни услови и средства кои ќе помогнат во намалување на производните трошоци. На лозарите останува да дадат се од себе да произведат квалитетно грозје од кое ќе може да се произведе и добро вино, изјави директорот Бачовски.

Агенцијата соопшти дека со Владата и Министерството за земјоделство, преку креирање мерки и програми, ќе продолжат да создаваат поволни услови за развој на агросекторот.

– Сите кои стекнале право за користење финансиска поддршка, во еден ден и без никаква селекција, ги добиваат средствата кои им следуваат. Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенцииите продолжува. Земјоделските субвенции ќе се исплаќаат во период кога средствата им се најпотребни на земјоделците, односно пред почеток на новата реколата, наведува Агенцијата во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

30 километри пруга кон Бељаковце од денеска во функција

Дејан Дејан

Ристески: Законот за нефер трговски практики можеби не е идеален, но сепак даде резултати

Дејан Дејан

Бизнизот не може да гарантира дека ќе нема скок на цените по новогодишната кошничка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе