Вести Култура

Институтот за фолклор 10 години без пари за научно- истражувачка дејност

Или да се вратиме на финансирање преку програми, како порано или да се донесе нов Закон за научно – истражувачка дејност, кој ќе ни овозможи сретства за проекти, кои не ги добиваме веќе 10 години, побараа од Институтот за фолклор „ Марко Цепенков“, на одбележувањето 70 години од формирањето. Проблемот е што Институтот е придружна членка на УКИМ, а е под надлежност на МОН, велат од таму.

За другите институти што се при факултетите мислам дека кај нив е полесно зашто тие преку УКИМ можат да добијат проекти. Но, за нас како придружна членка на УКИМ- тешко, вели  Катерина Петровска Кузманова- Институт за фолклор „ Марко Цепенков“.

Од МОН со одговор дека се работи на целосна промена на начинот на финансирање на научно- истражувачката дејност преку воведување програмско и планско финансирање и продолжување на грантовото финасирање и дека работна група работи на целосно нов Закон за научно – истражувачка дејност.

Јубилејот -70 години постоење, Институтот кој прибира , документира, архивира и го афирмира нашето богато народно творештво , го одбележа со објава на монографија. Во неа низ текст и фотографии ја претставува својата работа.

Од почетокот , од основањето па до денес, вклучително со сите луѓе кои што поминаа низ Институтот, потоа проектите кои што ги имавме изработено за целиот тој период . На крај, последните години се занимаваме и со образовна дејност, магистерски и докторски студии, изјави  Ермис Лафазановски- Институт за фоклор „ Марко Цепенков“

Подготвена во време на пандемија, монографијата е во редакција на Катерина Петровска Кузманова и на Зоранчо Малинов.

Беше тоа предизвик во овие услови да се работи, но од друга страна беше и големо задоволство, изјави Зоранчо Малинов- – Институт за фоклор „ Марко Цепенков“

Ова е втора монографија во историјата на установата . Продолжувачите на делото на најистакнатиот наш собирач на умотворби, за пар пат објавија монографија за 30 годишното постоење на Институтот за фолклор.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излетничките места полни со граѓани за 1-ви Мај

Дејан Дејан

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Каевски и Мојсовски ги отфрлија обвинувањата за злоупотреба на спортски ваучери, велат тие се политички мотивирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе