Вести Македонија Најважни

Која: Остануваат препораките на ОДИХР за подобрување на изборниот процес

Низ годините, ОДИХР има дадено голем број препораки за подобрување на изборниот процес во македонија, вели шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која.

Во интервју за МИА, Која, вели дека во извештајот за ланските предвремени парламентарни избори, специјалната мисија за проценка на изборите на ОДИХР, јасно стави до знаење дека сè уште има голем број прашања во законите за изборите, што треба да се решат. Прашан дали се прифатливи измени на изборното законодавство во изборна година, кога треба да се одржат локалните избори, Која вели дека е препорачливо, изборниот закон да стапи на сила најмалку шест месеци пред изборите, за да можат институциите да се подготват непречено да ги спроведуваат промените. Која оценува дека Македонија постигна значителен напредок во спроведувањето на својата амбициозна реформска агенда, и дава охрабрување, земјата да продолжи со реформите во области како борбата против корупцијата, јавната администрација и борба против организираниот криминал

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе