Вести Свет

Бајден побара од Вучиќ признавање на Косово

Американскиот претседател Џо Бајден го честиташе денот на државноста на Србија и порача дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Србија во европските интеграции, реформите и постигнувањето траен договор со Косово „кој е фокусиран на меѓусебно признавање“.

Бајден во честитката порачува дека сад ја охрабруваат Србија да презема тешки чекори кон европските интеграции, како неопходните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација со Косово, кој е фокусиран на меѓусебно признавање.

Експресно одговори и Вучиќ кој покрај благодарноста за честитката, враќа дека  меѓусебното признавање, не е наведено во актот на ниедна светска организација.

Јас веќе еднаш кажав во лице што мислам за признавањето и мојот одговор нема да биде поинаков, вели Вучиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе